Викендов во Струга ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на крајбрежјето. Ќе се чистат плажита „25 ти Мај“,  Црвен Крст, наспроти Универзитет ФОН и просторот пред  Дијализа, велат младите граѓани на Струга, кои се иницијатори на акцијата.

-Аккцијата е доброволна и не е финансиски поддржана од грант програма. Логистичка подршка имаме од  Канцеларијата за комуникација со граѓаните на пратеничката Лилјана Затуроска, а неопходна логистика добивме од ЈП „Комунално“- Струга.-информираат иницијаторите на акцијата.

Тие ги повикуваат граѓаните на Струга да им се придружат со што ќе придонесат за намалување на наталожениот отпад на крајбрежјето.

OhridNews