Втората мултиетничка дебата „Единство во Различноста – Струга“ успеа да го привлече вниманието на 50-тина граѓани од општина Струга од сите етнички заедници.

Во текот на три часа тие дебатираа на прашањата: што можат да превземат претставниците од јавниот,приватниот и граѓанскиот сектор за да се подобрат меѓуетничкиот дијалог и соработка и како да и се помогне на Комисијата за односи меѓу заедниците, да реализира активности кои ќе ја зајакнат соработката меѓу различните групи во нашата заедница.


Оваа дебата е дел од проектот „Единство во Различноста“ имплементиран од  Локалната Агенција за Развој од Струга, а кој е поддржан од Заедничката програма на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.

Следната дебата е предвидено да се одржи на 11- ти декември со почеток во 18 часот.

OhridNews