Група граѓани кои себе си се претставуваат како „Томас Нест“ смета дека институциите на системот селективно постапуваат кога се работи за случаи во кои, според нив, е инволвиран градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
– Ако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чека повеќе од седум месеци и се’ уште нема добиено информации од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во врска со барањето за постапување по кривична пријава поднесена на 03.02.2010 година која ја поднесе група граѓани „Томас Нест“ против градоначалникот на Струга поради сомневање за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и уништување на природни добра, при што е направена штета од 720. 000 евра, тогаш јавно прашуваме: Дали институциите селективно постапуваат кога се работи за градоначалникот на Струга? – се вели во дописот испратен до медиумите од  здружението на граѓани „Томас Нест“ од Струга.


Здружението очекува надлежните институции да се произнесат по иницијативата за  кривично гонење на градоначалникот Мерко, или да дадат одговор зошто не постапуваат по истата.

OhridNews