Граѓани на Струга се жалат дека веќе неколку дена од чешмите тече матна вода. Тие велат дека мирисот и вкусот на водата е поинаков од вообичаениот и бараат објаснување од надлежните.

Од МЈП „Проаква“ за OhridNews изјавија дека не станува збор за никаков проблем, туку за вообичаена појава при поголеми врнежи во пролет.

Тоа е нормална појава. Имено дојде до мало заматување на водата од Беличките извори после дождот, а има и цедење на снегот, што придонесува за ваквата појава, изјaви директорот Ваит Ајро.

Тој тврди дека водата во струшкиот водовод е исправна и може да се користи за пиење.

– Ние секојдневно вршиме биохемиски анализи и ја следиме состојбата. Jа уверувам јавноста дека водата за пиење во Струга е добра и може да слободно да се употребува, додаде Ајро.

OhridNews