случуваат кадри без работа и работно место да примаат плата, а на тие што работат и што придонесуваат за релаксирање на меѓунационалните односи да не им биде решен статусот, вели Лидија Ковачевска, чиј внук ја посетува групата „Мозаик“.
Родителите на децета кои ја посетуваат групата „Мозаик“ им изразија отворена поддршка на воспитувачките и побараа надлежните министерства и локалната самоуправа да седнат на заедничка маса и да го решат проблемот. За таа цел тие покренаа петиција која ќе биде испратена до надлежните институции.
– Се зачудив кога разбрав дека одлука за решавање на статусот на воспитувачките има уште од пред две години, но истата не се спроведува, истакна Рина Ода-родител.
Воспитувачките од струшката група „Мозаик“ се децидни дека доколку не им биде решен статусот тие ќе ја прекинат работата.
– До крајот на февруари очекуваме да се реши овој проблем, доколку не се реши ние им кажуваме на сите дека ќе се затвори групата, предупреди воспитувачката Венера Јоноска.
За родителите таквиот исход е неприфатлив, бидејќи нивните деца кои долго чекале да бидат запишани во оваа група ќе останат незгрижени.
а доколку листата на чекање е голема мора да се случува нешто убаво и штета би било оваа група да прекине со работа, вели Д-р Ариф Џункар.
ваква група вие автоматски удирате на темелите на соживотот, додава Зоран Кочоски, чие дете исто така е згрижено во „Мозаик“.
Стружани најавија дека за проблемот со двојазичната група „Мозаик“ во која се згрижени деца од македонска и албанска националност, ќе ја известат и амбасадата на Швајцарија која го иницираше и финансираше овој проект до пред две години, од кога се чека државата да го реши статусот на воспитувачките за истиот да продолжи да функционира.