Ракометниот клуб Струга во првата полусезона ја освои титулата есенски првак. Но, стружани во Охрид на дуелот со истоимениот клуб во Купот на Македонија треба тоа да го потврди.



– Во Охрид одиме на победа и пласман во понамошната фаза од Купот на Македонија. За овој меч имаме и некои засилување од младинскиот погон кои треба да се наметнат за наредните натпревари кои не очекуваат во првенството –
порачуваат од струшкиот клуб.

Екипата на Струга од оформувањето на ракометниот клуб Охрид 2011 во Охрид немаат забележано победа и на два меча претрпеа два порази.

Мх.П.