Во двата најголеми сместувачки капацитети во Струга, хотелите Дрим и Београд гостите ќе престојуваат до недела. Според нивни информации, во Струга престојуваат над 2.000 гости.
За гостите беше организирана прослава на големиот христијански празник Божик со специјален Божиќен ручек, а на т.н Машка плажа со палење на бадникарскиот оган, со богато јадење и со музика се славеше празникот Бадник. Гозбата ја организираа неколку хотели од градот со цел да се продолжи традицијата која со векови во Струга ја негувале нивните предци, спроти празнивањето на Христовото Рождество да се пали оган покрај Езерото.