Инаку, Роберт Напрта ( по мајка Македонец ) е мултимедијална и многу интересна личност, новинар, публицист, писател и сценарист на првата сапунска серија Вила Марија ( која се прикажуваше во сите ексЈу држави), а потоа и на серијата Инспектор Ченс која освен во Хрватска, се прикажуваше во Словенија и Србија. Во својот творечки опус има добиено бројни награди. Бил заменик и главен и одговорен уредник на информативната програма на ОТВ, на неделниците Арена и Студио, а пишувал и за Глобус, Студио, Младина, Старт. Во моментов е посветен на пишувањето и само што го заврши второто продолжение на Луна. Го живее сонот од детството на својот виноград во Меѓимурје каде што одлгледува винова лоза и прави врвно вино за специјални купувачи.
Напрта со семејството викендов е предвидено да го посети и Охридско- преспанскиот регион регион од каде потекнуваат неговите корени.