Студенчишкото Блато е под привмремена заштита од Министерството за животна средина и просторно планирање. Привремената заштита ќе трае додека е во процес постапката за прогласување на локалитетот во категоријата парк на природата.Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.
За времетраењето на решението за привремена заштита нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот за урбана заедница, нема да се изработуваат и донесуваат урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, нема да се спровдуваат постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Согласно решението нема да се спроведуваат постапки за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште. Нема да се спроведуваат и активности како одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите за градежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта.Решението е објавено во службен весник.
OhridNews












