Студениот и влажен бран проследен со северен ветер, што ја зафати земјава од изминатиот викенд, го разлади Охридското Езеро. Невообичаено ниската надворешна температура за овој период од годината, влијаеше и на температурата во Езерото која падна за 4 степени во однос на минатата недела. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролочки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 20 степени Целзиусови. Минатата недела беа измерени 24 степени.

До крајот на денот не очекува променливо време, во западните делови повремено со локално зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 26 степени. Веќе од утре не очекува затоплување и постепено покачување на температурите кои викендот насекаде ќе бидат на30-от степен Целзиусов.

OhridNews