Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација Величе Шумуликоски интернационалната кариера ќе ја продолжи во рускиот премиерлигаш Сибир.


Шумуликоски по втор пат ќе игра во руското првенство откако од 2004-2006 г. играше во Зенит, каде во 75 натпревари постигна два гола.

Новиот клуб на Шумуликоски, Сибир по 16 одиграни кола се наоѓа на дното на табелата со девет освоени бода.

М.П.