Утрово најстудено било во Берово каде се измерени – 8 степени Целзиусови, додека во Охрид се измерени – 2.Денеска ќе дува умерен, на југоисток повремено засилен северозападен ветер, а во северните делови ќе има зголемена облачност со услови за провејување на слаб снег.

 

Од петок до недела времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени.

Од понеделник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, информираат од УХМР.

OhridNews