Поради продор на студена воздушна маса од север во наредните денови температурите ќе бидат во опаѓање.
Денес времето ќе биде студено и ветровито, на места ќе има слаб снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.












