Времето утрово студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 степени. УВ=6.

Во Охрид сончево. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд, велат од УХМР.

OhridNews