Денес во просториите на Државниот студентски дом „Никола Карев“ Охрид, по барање на директорот Жарко Куциноски се одржа работен состанок со претставници на СВР Охрид, отсек превенција и ПСОН Охрид, на кој што беше разгледана состојбата со сместени ученици и студенти во студентскиот дом.
Целта на овој состанок е превенирање на девијантни појави и препознавање на истите, а се со цел обезбедување на безбедна средина на учениците и студентите. На истиот состанок беше договорено дека од страна на отсекот за превенција, ќе бидат одржани едукативни предавања во делот на ЈРМ (јавен ред и мир), и КД (казнени дела), согласно законските прописи на Република Северна Македонија, информираат од Студенскиот дом.
OhridNews












