СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.К.(17) и А.Б.(17), двајцата од Дебар за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а Е.К. е пријавен и за „овозможување на употреба наркотична дрога“. Во октомври 2011 година, бил извршен претрес во Интернатот ДУТУ „Ванчо Питошески“, каде бил сместен А.Б., при што се пронајдени 16,2 грама наркотична дрога „марихуана“, што претходно му ја дал Е.К. Во истиот период Е.К. во една од собите во Интернатот му овозможил на А.Б. да користи марихуана.

Кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотична дрога“, е поднесена и против З.Д.(31) од Охрид. Во ноември 2011 година, во Охрид пријавениот на лице од Охрид му продал наркотична дрога „марихуана“ за износ од 300 денари. По ова со возило се упатиле кон излез од Охрид каде користеле од дрогата, а при извршен преглед во возилото од страна на полицијата е пронајдено 1,8 грама марихуана.

OhridNews