
На отварањето на школата ќе се обратат претставници од локалната самоуправа на Охрид, гостите од Германија проф. д-р Петер Шулте и проф. д-р Герд Васенберг, како и претставник на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кој е организатор на настанот.
Мрежата РЕСИТА (формирана 2008 г.) е мрежа на 13. универзитети од Југоисточна Европа кои поддржуваат иновации и претпримништво од Југоисточна Европа, а активностите ги финансира ДААД – Агенција за германска академска размена.











