Според полицијата нарушувањето на јавниот ред и мир, се случило синоќа околу 20 часот и 30 минути, во една од собите на домот, каде, најнапред, настанала вербална расправија помеѓу Ф.А(28) и Ј.П.Н.(21) двајцата од Гана. Нивниот вербален конфликт, прераснал во тепачка, во која, набрзо, се придружиле лицата Д.А.(30) Е.Д.(26) Е.А.(22) Н.К.(26) В.Ф.(23) и Ф.Н.(24) кои, на својот колега, Ф.А. му ги врзале рацете со кабел, и со два дрвени стапа и со тупаници, му задале повеќе удари, нанесувајќи му телесни повреди.
Подоцна Ф.А. бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му е констатиран оток на левото око и црвенило по телото и му била пружена неопходна медицинска помош.
СВР Охрид, откако изврши информативен разговор со сите осум лица против нив ќе поднесе соодветни пријави.