Повеќе од шеесетина студенти од трета година на архитектонскиот факултет, деновиве престојуваат во Охрид, и ќе имаат практична работа во градот кој претставува предизвик за секој архитект.

Студентите денес беа во посета на Локалната самоуправа каде беа пречекани и поздравени од градоначалникот Јован Стојаноски.

Архитектите во текот на денот ја посетија и зградата на историскиот архив, која е дело на професорот Георги Константиновски, кој исто така е дел од професорите кои се присутни во Охрид со студентите. Предвидено е секој од студентите индивидуално да изработи своја проектна задача.

OhridNews