Студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и ученици од општинските средни училишта беа дел од работилница посветена на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, која се одржа денеска во општина Охрид.
На работилница која ја организираше Мисијата на ОБСЕ, претставници од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен каракер ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и искуствата од неговата примена.
Во рамки на дискусијата беше објаснето дека во општината има овластени лица за посредување по барања на граѓани и институции за слободен пристап до информации и нивните годишни извештаи ги усвојува Советот на општина Охрид. Покрај тоа на официјалната веб-страница на општина Охрид има поставено банер со линк за преземање на барањата и другите формулари, објавени се документите кои се достапни за јавноста и поставен е линк со Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Пред почетокот на оваа работилница учесниците имаа можност да посетат дел од службите на Локалната самоуправа и да се информираaт за начинот на нивната работа.
OhridNews