Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид од вчера утрината е без електрична енергија. Студентите доцна синоќа реагираа дека нема греење, прекинот е во целиот дом и дека немаат информација кога ќе се нормализира снабдувањето.
Во студентскиот дом Никола Карев нема струја од сабајле од 10 часот, седиме на свеќи, ништо нема црна темница, нема ниту греење, ниту топла вода. За вечера конзервирана храна делеа, се јадеше на блицеви и свеќи, реагираа доцна синоќа студентите.
Дополнително, студентите посочуваат и дека парното греење не било во функција ниту претходно.
Од Студенскиот дом „Никола Карев“ во објава на официјалната фејсбук страна посочуваат дека добиле известување од Министерството за образование и наука дека во текот на денешниот ден проблемот ќе биде решен.
Н.С.Ј.















