Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез ноќеска реализираше пенал во квалификациите за Светското првенство 2022 против Венецуела (4:1).

Воедно, Суарез се најде на делба на 4. место во светот со Иранецот Карим Багери, кој исто така има 28 гола.
Рекордот му припаѓа на Карлос Руиз од Гватемала – 39 гола во квалификациите за СП. Во топ 3 се и Кристијано Роналдо (Португалија, 36 гола) и Али Даеи (Иран, 35).
OhridNews












