Незадоволен од драстичната суспензија што му ја изрече Англиската фудбалска федерација и неподнесувањето на жалба од Ливерпул го “налути“ Луис Суарез и сака да го напушти тимот од Енфилд.


Уругваецот на мечот со Челси во Премиер лигата при еден дуел со Ивановиќ му ја гризна раката, судијата не го забележа, а дисциплинската комисија го казни Суарез со десет меча.

Ова е втора ваква драконска казна за Суарез откако минатата сезона поради расистички испади на натпреварот Ливерпул – Манчестер Јунајтед беше суспендиран осум натпревари.

Суарез овие денови стана тема на исмејување во Англија, затоа што побрзо сака да ја напушти и среќата да си ја проба во друг клуб.

Мх.П.