Контроверзниот уругваецот Луис Суарез во летниот преоден рок ќе ги промени боите на дресот. Сезоната што измина Суарез беше движечка сила на Ливерпул, но и тој не успеа да ги одведе “црвените“ до забележителни резултати.

За услугите на “Ел пистолеро“ заинтересиран е Реал Мадрид, кој ќе испрати понуда од 40 милиони евра или пак помала сума на пари, со еден фудбалер кој ќе се пресели на Енфилд.

Суарез поради суспензијата од десет натпревар ќе го пропушти стартот од сезоната во Премиер лигата, а чашата ја прели откако Ливерпул не поднесе жалба.

Мх.П.