Уругвајскиот репрезентативец Луиз Суарез со два погодоци и асистенција беше најзаслужен за победата на Ливерпул 3-1 против Кардиф.
По пауза од подолго време актуелниот првак во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед врза две победи во низа. „Црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ со 3-1 го совладаа Вест Хем.
По триумфот над Кардиф „црвените од Енфилд го презедоа врвот на табелата до понеделник кога на програмата е лондонското дерби Арсенал – Челси.
Резултати : Ливерпул – Кардиф 3-1, Мен Ју – Вест Хем 3-1, Фулам – Мен Сити 2-4, Кристал Палас – Њукасл 0-3, Стоук – Астон Вила 2-1, Сандерленд – Норвич 0-0, ВБА – Хул 1-1.
Мх.П.