Луис Суарез минатата недела полагаше испит за добивање на италијанско државјанство. Уругавецот има право на италијански пасош бидејќи неговата сопруга е Италијанка, а брзаже да го положи испитот бидејќи имаше намера да се пресели во Јувентус.

Минатата недела, во Перуџа, тој писмениот и усниот дел го завршил за еден час. Сепак Јувентус се откажаа од трансферот бидејќи целата процедура за добивање на италијански пасош трае околу шест месеци, поради што Јувентус немаше да може да го регистрира фудбалерот за настап во Лигата на шампионите.

Сепак иако го положил испитот Суарез нема да добие италијанско државјанство. Медиумите на Апенините тврдат дека тој мамел на испитот. Агенцијата АНСА тврди дека тој однапред ги добил прашањата за испитот. Неговиот тест ќе биде поништен, а тој нема да добие италијански пасош.

Откако им пропадна трансферот на Суарез Јувентус го донесоа Алваро Мората, а Уругваецот веројатно кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

OhridNews