Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во ТОП 8 на Светското првенство во Русија. „Коцкастите“ во осминафиналето ја совладаа Данска после изведувањето на пеналите (3-2), откако регуларниот дел заврши 1-1.

Данска маестрално го отвори мечот погодувајќи во првата минута за почетно водство. Хрватите брзо се созедоа од шокот и во 3-та минута изедначија 1-1. Мрежите во регуларните 90-ет минути мируваа и натпреварот отиде во продолженија од 2 по 15 минути. Во дополнителни триесет минути најголема шанса за погодок имаше Хрватска која преку Лука Модриќ не реализираше удар од белата точка.

 

Во пенал рулетот двете селекции промашија во првата и четвртата серија, данците не успеаја да постигнат погодок во петтата, а Раќитиќ не погреши и ја одведе Хрватска во ТОП 8.

Во четвртфиналето Хрватска ќе ги одмери силите со Русија која на идентичен начин после изведувањето на пеналите ја елиминираше Шпанија во 1/8 финалето.

OhridNews