Индискиот бизнисмен Субрата Рој попладне ќе допатува во Охрид. Првично беше најавено дека тој ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ рано утрово, но поради временските услови, летот бил пролонгиран за неколку часа. Субрата Рој ќе го дочека министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, кој ќе го придружува гостинот за време на дводневната посета на Охрид.

Со претставници на владата делегацијата предводена од Субрата Рој ќе разговара околу деталите за изградба на туристичкиот комплекс во Љубаништа, како и за намерата за изградба на објектот посветен на Мајка Тереза на скопксиот плоштад.

OhridNews