Попладнево, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се очекува да пристигне индискиот милијардер Субрата Рој, кој според најавите во Охрид ќе престојува два дена.

Како што претходно најави градоначалникот Никола Бакрачески, за време на престојот Субрата ќе ги соопшти поединостите околу подготовките за изградба на луксузниот туристички комплекс во Љубаништа, кој се очекува да биде завршен во 2020 година.

На 12 јули во Охрид, од страна на Субрата Рој ќе биде организирана и свечена вечера на која се поканети премиерот Никола Груевски, ресорните министри од министерствата инволвирани во реализцијата на проектот, како и американскиот и англискиот амбасадор и други претставници од дипломатскиот кор во Македонија.

OhridNews