Со цел да им се помогне на лицата, корисници на социјална помош, на постојана парична помош, на невработени и лица со инвалидитет градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески донесе Решенија со кои се субвенционираат дел од трошоците за комунални услуги.
При тоа, се врши субвенционирање на трошоците за спроведување отпад на лицата од социјален ризик и лица со инвалидитет, субвенционирање на трошоците за гробарина на лицата од социјален ризик и лица со инвалидитет, субвенционирање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води и субвенционирање на трошоците за потрошена вода за пиење.
Потребните формулари заинтересираните граѓани можат да ги најдат на општинската интернет страна.
OhridNews












