Сите граѓани на Република Македонија кои од денес па до 31 мај 2012 година ќе вградат сончеви термални колекторски системи во своите домови, ќе може да аплицираат за субвенцијата со која Министерството за економија сака  да го стимулира користењето на сончевата енергија.

Поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи ќе биде обезбеден за 300 купувачи. Ним ќе им бидат надоместени 30% од потрошените пари, но нен повеќе од 300 евра во денарска противредност.

Главниот услов за аплицирање за оваа субвенција  е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на  сончеви термални колекторски системи врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија, објавени во 2007, 2009 и 2011 година.

За надоместување на дел од трошоците барателот до министерството ќе треба да  достави пополнет образец за барање, кој може да се најде на веб страницата на Министарството за економија и доказ во оргинал дека е извршено купувањето на сочев термален колекторски ситем.

Во месец јуни ќе следува јавно извлекување на добитниците. За времето на извлекувањето Министерството за економија ќе даде Соопштение кое ќе биде објавено во три дневни весници и на национална телевизија со кое сите баратели ќе бидат поканети на јавниот настан.

OhridNews