Сообраќајна незгода се случи вечерва на патот Охрид – Св. Наум, во близина на Лагадин.
Како што информира подоцна вечерва портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, при судар на мотор и возило повреден е полициски службеник кој го управувал моторот.
Повредениот полициски службеник е пренесен во Специјализираната болница „Св. Ерзамо“ во Охрид, каде е хоспитализиран.
Повеќе детали за незгодата, портпаролот на СВР Охрид Димовски најави во текот на утрешниот ден.
Поради незгодата ионака оптоварениот сообраќај на овој патен правец се одвиваше отежнато.
OhridNews