На магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Подвис, вчера, околу 17.45 часот, дошло до судир помеѓу патничко возило „Шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишно лице од Скопје, патничко возило „Фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Опел мерива“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 61-годишно лице од Битола.

Притоа, со тешки телсни повреди се здобила 66-годишната сопатничка од возилото „Шевролет  авео“, која поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

OhridNews