Дали ќе се одржи или не традиционалниот Охридски атлетски маратон на 8-ми септември, ќе се знае утре, за кога во просториите на локалната самоуправа е закажана средба помеѓу претставници на организаторот и општината.

OhridNews дознава дека локалната самоуправа ќе излезе во пресрет на организаторите и ќе го покрие недостатокот на средства потребни за одржување на маратонот. Со тоа најверојатно, ќе се избегне ново згаснување на оваа спортска манифестација, која поради слични проблеми во минатото на неколку пати била откажувана.

OhridNews