На Манчестер Јунајтед резултатски не му оди најдобро сезонава во Премиер лигата и притисокот на плеќите од клупската легенда Оле гунар Солскјер станува се поголем и поголем. „Црвените ѓаволи“, одамна се во аут во борбата за врвот на табелата, а според досегашните игри и резултати ниту пласман во ТОП 4 не е на дофат.

Во следните два натпревари, Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречекува Тотенхем кој игра како препороден после назначувањето на Жозе Мурињо за нов тренер, а потоа гостува кај градскиот ривал Манчестер Сити.  Порази во овие два натпревари со сигурност ќе значи потпишан отказ за Солскјер, кој не ги донесе потребните промени на Олд Трафорд.

Норвежанецот изјави дека не е загрижен за евентуален отказ и дека во ниту еден момент не разговарал со извршниот директор Ед Вудвард, но два порази во следните мечеви ќе ја прелее чашата кај навивачите. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на деветтата позиција со 18 освоени бодови и со четири победо во досегашниот дел од сезоната.

Како евентуални наследници на Солкскјер ако добие отказ се споменуваат Масимилијано Алегри и Маурицио Покетино.

OhridNews