Обвинетиот за тројно убиство на охридските продавачи на девизи, Лазе Радески, испил одредена количина седативи, поради што не бил во состојба да присуствува на рочиштето од судскиот процес што вчера требаше да продолжи во судот во Охрид.


Информацијата ја потврдија одговорниоте во затворот во Скопје. Тие притоа случајот го окфалификуваа како земање на секојдневната терапија седативи која тој  ја  собирал повеќе дена и ја испил наеднаш. Поради тоа лекарите процениле дека Лазе Радески не е способен да присуствува на судењето. Тој бил лекуван во затворски услови. Одговорните не сакаа да дадат квалификации која била намерата на обвинетиот кој се предозирал со лекарства.

Лазе Радески е обвинет за убиство на Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески-сите тројца улични продавачи на девизи од Охрид. Судскиот процес против него ќе продолжи на 22 декември.

Ohridnews