
Како што беше кажано, поради здравствени проблеми на бранителот на обвинетиот Бојан Угреновиќ, со решение на Претседателот на Основниот суд Охрид, адвокатот Емил Балабан е разрешен, а за нов бранител по службена должност е назначен адвокатот Ристо Новакоски. Новакоски доставил известување до судот за неприсуство, по што судијката Весна Кичеец го одложи судењето и го презакажа за 20-ти февруари.
Досега неколку пати се одложува почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид, кој обвинетиот Бојан Угреновиќ го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.
OhridNews











