Судењето за убиството на српскиот турист се сели од Охрид во Битола, пренесува „Утрински весник“ од судски извори. Скандалозниот почеток на судењето е главната причина за процената на судските власти за изземање на охридскиот суд од натамошно постапување. Оценката била дека судот не може да се справи со притисокот и да обезбеди фер судење, па затоа и покрај двете одржани рочишта, се почнува од почеток и процесот се префрла во битолскиот Основен суд.


Покрај неснаоѓањето со овој предмет, на Основниот суд во Охрид многу забелешки му се упатуваат и на сметка на водењето на случајот со потонувањето на бродот „Илинден“, во кој загинаа неколкумина бугарски државјани. Еден од главните аргументи, е и тоа дека со многубројните критики што се упатуваат на адреса на охридскиот суд, всушност, во голема мера се руши имиџот на македонското судство не само во балкански, туку и во меѓународни рамки, стои во текстот на “Утрински весник”.

Судењето за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ (34) во охридскиот Основен суд почна минатата недела.

OhridNews