Шпанскиот судија Хуан Карлос Гарсија во Евролигата имаше многу среќа поминувајќи без повреди од случајниот старт на синоќешниот натпревар помеѓу Асвел и Црвена Ѕвезда. Еден од домашните кошаркари во обид да спречи ветувачка акција на гостите влета во Карлос Гарсија, кој како покосен падна на паркетот. Шпанецот со помош на лекарската екипа се исправи на нозе и го продолжи натпреварот. Црвена Ѕвезда на крајот славеше со 89-68.

OhridNews