Без побендик 1-1 заврши мега дербито во италијанската Серија А, меѓу Милан и Јувентус одиграно на Сан Сиро пред 80 илјади гледачи.


Милан поведе со голот на Ночерино, а нешто подоцна се случи ситуацијата која во голема мера го одлучи победникот на мечот. По ударот со глава на Мунтари, топката ја мина гол линијата но судијата Таљавенто и неговите помошници не го признаа голот.


Во вториот дел Јувентус ја превзеде играта, се редеа шансите пред голот на Абијати, а една реализираше “резервистот“ Матри за конечни 1-1. На истекот на регуларниот дел, Видал заработи директен црвен картон, но Милан кој мечот го одигра без Ибрахимовиќ не успеа посериозно да се закани кон голот на Буфон.

“Росонерите“ остануваат на врвот на табелата со еден бод предност пред Јувентус кој има натпревар помалку.

М.П.