Главниот судија Мигел Анхел Ајза, кој на Кристијано Роналдо му покажа црвен картон заработи еден месец поради слаба арбитража на мечот Атлетик Билбао – Реал Мадрид.

За стартот, црвениот картон и гестикулирањето Роналдо заработи три меча суспензија, а дисциплинците во „Ла лига“ не се задоволни од арбитражата на Мигел Анхел.

Реал Мадрид поднесе жалба за суспензијата на Роналдо и може да добие помилување, а Мигел Анхел се најде на „црната“ листа и ќе мора паузира еден месец.

Мх.П.