
Лаличиќ побарала изземање поради тоа што се споменува во една од „бомбите“. Претседателот Рибарев го уважил нејзиното изземање.
Ова вест за Макфакс ја потврдил и самиот Рибарев.
Судијката Лаличиќ се споменува во еден разговор од „бомбите“ со шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Агенцијата потпирајќи се на неофицијални информации пишува и дека е можно уште една судијка да се изземе, иако таа не се спомнува во бомбите. Станува збор за судијката Моника Бавчованска, која, сепак, е сопруга на именуван функционер од поранешната владејачка гарнитура.
Во најновите обвиненија на СЈО обинет е целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Никола Груевски.
OhridNews
Извор: „Макфакс“











