Првиот тест за силината на “новата“ Италија на Чезаре Прандели е мечот со актуелниот светски и европски првак Шпанија. “Фуријата“ нема пораз на последните 14 меча, и доколку “аѕурите“ сакаат да ја прекинат таа низ ќе мора да бидат “динамични, активни и енергични“ смета Прандели.

– “Имаме добро чувство за овој меч, за кого трениравме доста. Напорно работевме и свесни дека сме добар тим, ако играме компактно може да постигнеме доста  – смета 54 годишниот стратег.

Прандели остана без централниот дефанзивец Андреа Барзаљи, па се очекува неговото место да го преземе играчот од средината на теренот Даниеле Де Роси.

– Многу пати досега сме ја пробале оваа варијанта. Доколку игра Де Роси на таа позиција тој нема да биде само одбранбен фудбалер, туку исто така и последен играч за врска – објаснува Прандели и додава – Најважно е да ги задржиме нашите противници што подалеку од казнетио простор. Тие сигурно ќе имаат поголем поседн на топка, што ќе ни предизвикува доста проблеми, но само ако играме фудбал како Италија, тогаш сигурно може да предизвикаме тим како Шпанија.

Последниот натпревар овие две репрезентации го одиграа на ЕП во Австрија и Швајцарија, а победи Шпанија на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши без голови 0-0.

Шпанскиот стратег Висенте Дел Боске ги предупреди своите иабраници дека мора да бидат максимално фокусирани, за да не им се повтори 2008 кога стартуваа со пораз од Швајцарија.

 – Во група со 4 репрезентации, првиот меч е фундаментален. Сакаме да стартуваме со победа, но против нас ќе имаме силен тим. – вели Дел Боске.

Подгoтвен за настап е и Фабрегас кој се пожали на повреда по мечот во Суперкупот против Билбао. Неизвесно е кој ќе добие место во нападот каде конкурираат Торес, Негредо и Љоренте.


– Се уште не сум одлучил кои 11 ќе го почнат мечот. Секогаш имате “енигими“ кои фудбалери да ги одберете, посебно кога имате вака компактна екипа. Добро сме подговтени за овој турнир и спремни сме за секој предизвик – рече Дел Боске.

Мечот се игра со почеток во 18 часот, а ќе го води унгарецот Виктор Касаи.

М.П.