Сообраќајната незгода се случила попладнево во населбата „Радојца Новичиќ“ при која од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и патничко возило.
Во незгодата со повреди се здобил возачот на моторциклот кој е пренесен во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат прописите и да го прилагодуваат возењето согласно условите на патиштата, а моторциклистите задолжително да носат заштитна опрема.
OhridNews