Патничко возило, комбе и автобус се судрија попладнево на магистралниот патен правец Кичево – Гостивар, кај селото Грешница. Во несреќата како што ни изјавија очевидци нема жртви, а причинета е поголема материјална штета.

Увид на местото на несреќата изврши сообраќајната полиција, која работи на утврдување на причините за незгодата, поради која извесен период сообраќајот на овој патен правец се одвиваше отежнато.

OhridNews