Манчестер Сити побара од Судот за спортска арбитража да ја отфрли истрагата за финансиски фер-плеј која ја спроведува УЕФА врз нивниот клуб.

Но Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на Манчестер Сити кои сега ќе треба да ја чекаат одлуката на УЕФА која се очекува дека ќе биде следниот месец.

УЕФА започна истрага врз Манчестер Сити за кршење на правилата за Финансиски фер-плеј по една објава на весникот „Шпигел“ за сомнителни документи на клубот од Англија.

Ако утврди вина УЕФА може да му даде забрана на Манчестер Сити за играње во Европа следната сезона, но често казните се регулираат со преговори па се верува дека англискиот шампион може да помине и со парична казна.

OhridNews