Судија во претходна постапка денеска повторно ќе одлучува за мерката притвор на бизнисменот Сеат Кочан кој е осомничен во случајот „Труст“ што го води специјалното јавно обвинителство, кое го товари дека неговата фирма заедно со уште две други направиле конзорциум кој незаконски добил тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра. Претходно врховниот суд ја укина мерката притвор, по што првостепениот суд истата ја врати на повторно разгледување кај судија во претходна постапка.

Кочан во моментов се наоѓа на клиниката за кардиологија во Скопје поради влошена здравствена состојба.

OhridNews