Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на сметка на правно лице во случајот „Трезор“.

-Судија на претходна постапка на 29.09.2016 година го доби предлогот од СЈО со кој обвинителството предлага мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правно лице согласно член 202 ст. 1 и 2 од ЗКП со која мерка се бара забрана за користење и располагање на сите трансакциски сметки на конкретното правно лице која ќе трае се до правосилно завршување на кривичната постапка, со цел да не биде доведена во прашање наплата на имотно правно побарување за надомест на штета. Судијата на претходна постапка, во законски утврдениот рок од 12 часа по добивање на предлогот, односно истиот ден 29.09.2016 година, откако увиде дека предлогот е некомплетен, до СЈО достави барање да се уреди конкретниот предлог на начин што ќе се наведат банките и трансакциските сметки на правното лице, бидејќи обвинителот во барањето изоставило да ги наведе и барањето е општо и неопределено за кои сметки и за кои банки се однесува. –  стои во образложението на Основниот суд Скопје 1.

OhridNews