Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одобри во целост обвинителниот акт што беше поднесен против лидерот на СДСМ, Зоран Заев за поткуп и се очекува за овој случај да биде закажано судење.
„По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценењето на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани. Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организиран криминал и корупција, кој треба да го насрочи предметот за што јавноста ќе биде дополнително информирана“, соопштуваат од Судот.
Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.
Во овој случај немало примопредавање на пари и пријавувачот никогаш не му дал поткуп на Заев. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.
OhridNews
извор Макфакс