Основниот суд во Охрид на повтореното судење ја потврди казната затвор во траење од 16 години за српскиот државјан Бојан Угреновиќ кој на 1 јануари 2016 година до смрт го претепа охриѓанецот Димитар Матилоски (26).

Казната на Угреновиќ му е изречена во негово отсуство. Тој ја искористи законската празнина и откако беше пуштен од да се брани од слобода во јуни минатата година е недостапен за судот и органите на прогонот.

Инаку Основниот суд Охрид на првото судење му изрече идентична казна на Угреновиќ. Тој тогаш го призна делото и изрази каење. Подоцна апелацискиот суд го врати предметот на повторно судење, а обвинетиот се изјасни за невин. 

OhridNews